bandr
People of Strumica

PEOPLE OF STRUMICA: Доказ дека вистинската љубов не познава години и граници!

Струмица е полна со живот, а оваа рубрика има за цел преку професионални фотографии од луѓе и моменти на различни локации да ви ја пренесе атмосферата од градот. Денеска ве навраќаме на една безвременска фотографија од една љубов која не познава години и граници.

Како што една анегдота кажува, кога внуката ја прашала баба си како нејзиниот брак трае толку долго и љубовта меѓу нив живее, бабата и’ одговорила:

– Чедо ние сме родени во време кога работите кои се расипуваа ги поправавме, не ги фрлавме и не ги заменувавме со нови!

Љубов која не познава години, People of Strumica, шеталиште Струмица, февруари 2014