Општина Струмица и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – ДИФ, започнуваат соработка насочена кон унапредување на спортот, физичката активност и создавање нови можности за младите во нашиот град.
Денес заедно со проф.д-р Влатко Неделковски декан на ДИФ, потпишавме Меморандумот за соработка, со кој отвораме простор за заеднички активности и проекти кои ќе се реализираат во Струмица.
Струмица има огромен спортски потенцијал. Со вакви партнерства создаваме услови тој потенцијал да го развиваме уште повеќе, особено кога станува збор за најмладите.
Ова е уште еден чекор кон Струмица како град кој инвестира во спортот, знаењето и здравиот развој на младите. ⚽️🏀🏃♂️





















