strumica denes logo

Летна романтика со Нокаут – СОФ 2018!

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Магазин, Настан

Автор:

Датум:

април 24, 2018

Категории:

Магазин, Настан

Момците од Нокаут ќе ги донесат најромантичните звуци на препознатливата сцена во
градскиот парк на годинашното седмо издание на Струмица ОПЕН фестивал. Бендот ќе
настапи како дел од културно-уметничката програма со целовечерен концерт на 14
август од 22:00 часот на Езерцето.

„Годинава на настанот „Летна романтика“ публиката ќе ужива со најдоброто од трите
авторски албуми на Нокаут. Интимна и хитовска вечер со певливите безвременски
рефрени „Лебедот бел“, „Илијада причина за крај“, „Фатална опсесија“, „Временска
машина“, „Би се викал те сакам“ и многу други.

Нокаут е еден од најуспешните македонски бендови кои постојат 2 децении и ги имаат
најпосетуваните концерти на домашната музичка сцена.

Годинава, од 10 до 19 август на СОФ ќе настапат најдобрите изведувачи од
Македонија, Балканот и неколку светски диџеи. Организаторот на фестивалот во
наредниот период ќе открие дополнителни настани кои се одржува под заедничкиот
слоган „Слушај го срцето“.