Земјоделци кои се незадоволни од откупот на сливи го блокираа патот Радовиш – Струмица

август 18, 2018

Земјоделци незадоволни од откупот на сливи, од 11 часот го блокирале патниот правец Радовиш – Струмица кај клучката кај селото Воиславци.

Автомотосојузот на Македонија информира дека на патот излегле околу 20 земјоделци со земјоделски машини.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози.

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање од македонска страна е од 15 до 30 минути.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ