НОВО ВО ГРАДОТ: ОД ДЕНЕСКА ЕДНА ОД НАЈПРОДАВАНИТЕ ВОДИ „MAYA“ ДОСТАПНИ И ВО СТРУМИЦА СКОРО НИЗ СИТЕ ЛОКАЛИ, ДИСКОНТИ И БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ!

јуни 20, 2019

Водата е една од главните причини поради која човекот живее здраво. Но, за да живее здраво, потребно е да консумира квалитетна вода. Со задоволство ве известуваме дека една од најпродаваните води во Македонија „MAYA“, од денес е достапна и во Струмица како и во целиот југоисточен регион. Една од најквалитетните обични и газирани води сега се достапни и за струмичани.

„MAYA“ може да ја пронајдете скоро во сите локали, дисконти , бензински станици…

.Ексклузивен дистрибутер: ТОП БРЕНД КФК Дооел

ЗА MAYA:

Во еколошки најчистиот дел на Македонија, во близина на дебарското село Гари, на надморска височина од 1.200 метри, се наоѓа изворот на водата MAYA. Откако ќе се извлече од бунарите длабоки од 80 до 120 метри, со најсовремен водовод, изграден според највисоки стандарди, таа се пренесува до фабриката за пакување. Објектот се простира на 4.000 метри квадратни површина и е една од најмодерните и технолошки најсовремените фабрики во Европа. Фабриката е опремена со машини од најпознатиот светски производител на линии за полнење „Кронес“, а ги има имплементирано и светските стандарди за безбедност и квалитет како што се ХАЦЦП и ИСО 22000:2005 стандардите за градежништво и за производство.

Типови на пакувања:

Стаклена амбалажа
0,25л
0,75л
ПВЦ (РЕТ) амбалажа
1,5л
0,5л

Водата MAYA е комплетно природна. Првиот допир на водата со надворешната средина е при првото отворање на шишето што ја прават MaYa водата подобна за секоја возраст и прилика.

При процесот на пакување, водата не поминува низ никакви интервенции, како што се дегасификација, деминерализација или минерализација.

СОСТАВОТ И ИЗБАЛАНСИРАНОСТА НА МИНЕРАЛИТЕ, ПЕРФЕКТНАТА PH ВРЕДНОСТ ОД 7.6, НАЈКВАЛИТЕТНИ И НАЈСИГУРНИ МАТЕРИЈАЛИ НА ПАКУВАЊЕ ЈА ПРАВАТ ВОДАТА МАYA ЕДИНСТВЕНА И ЈА ИЗДВОЈУВААТ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА.

КАРАКТЕРИСТИЧНО ЗА НЕА Е ШТО ПРИ ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ОД ИЗВОРОТ ДО ПАКУВАЊЕТО НЕМА НИКАКВИ ИНТЕРВЕНЦИИ КАКО ШТО СЕ ДЕГАСИФИКАЦИЈА, ДЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ИЛИ МИНЕРАЛИЗАЦИЈА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВОДАТА МАYA Е ЦЕЛОСНО ПРИРОДНА, ОДНОСНО ПРВИОТ ДОПИР НА ВОДАТА СО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА Е ПРИ ПРВОТО ОТВОРАЊЕ НА ШИШЕТО.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: