strumica denes logo

(ВИДЕО) Александра Јанева ја преработи „Ако ме сакаш“ на Лина Пејовска!

Автор:

Датум:

септември 8, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 8, 2018

Категории:

Култура

Александра Јанева и гитаристот Тино Стојановски направија нова верзија на „Ако ме сакаш“ од Лина Пејовска.

Преработката е објавена во пресрет на новото издание на Макфест 2018 кое ќе се одржи од 4-6 октомври.

„Оваа ќе биде нашата последна преработка од летниот проект #summerjam. Изведбата е во чест на хитовите кои ги дава најголемиот фестивал во Македонија. Според мене, „Ако ме сакаш“ беше апсолутниот хит oд Макфест 2017 година“, вели Александра која настапуваше на ланското издание на фестивалот како гостин во ревијалниот дел.

Со изведбата на песната Лина Пејовска во Штип ја доби наградата за дебитант на годината.

Во текот на летото, Александра Јанева заедно со Тино Стојановски и бендот 2Be ги обработија „Херој“, „Километри“ и „Us“.