(ВИДЕА) Дечињата кои се дел од бадникарските поворки во Струмица, денеска за прв пат го украсија Божиќното дрво во Св.Кирил и Методиј!

јануари 5, 2021

Денеска во Црквата Св.Кирил и Методиј во Струмица, дечињата кои се дел од бадникарските поворки, за прв пат го украсија Божиќното дрво. Светлото украсување на дрвја го симболизира Христа како Дрво на животот, кое доаѓа во светот за на верните да им се даде како храна. Коренот на дрвото ги симболизира Неговите предци, кои ја запазиле верата и надежта за Неговото доаѓање, додека ѕвездата на врвот е Самиот Он, Кој дојде да донесе светлина во светот помрачен од грев. Овој обичај за прв пат се појавил во 500та година во време кога владеел византискиот император Анастасиј. Деновиве исто така Божиќно дрво беше поставено и во други Православни земји како Русија и Романија. Тимот на Струмица Денес во прилог ви прикажува неколку видеа и фотографии, а веднаш после видеата имате можност да прочитате опширно соопштение од Бигорскиот Манастир во врска со поставувањето на Божиќното дрво и неговото значење. Најпрвин следува видеото од Струмица:

– Фотографијата е од Романија.

– Фотографија на која се наоѓа и Рускиот Патријарх. Веднаш под овој текст следува и видео:

– Фотографија од Руската црква во Белград, Србија.

– Фотографија од Киево. Веднаш следува и видео линк!

Во продолжение прочитајте го текстот на Бигорски Манастир:

Во текот на божикниот период, по медиумите и социјалните мрежи се појавуваат бројни написи за божикните обичаи и за нивното значење, притоа честопати со сосема погрешни содржини и толкувања. Еден од тие обичаи за кое се пишува и говори е и украсувањето на божиќното дрво. Впрочем, многумина сметаат овој обичај не е наш, туку увезен од Запад и дека нема поврзаност со Рождеството Христово, но ние ќе се обидеме да објасниме дека во суштина не е така.

Околу 750 година, Свети Бонифациј од Фулда, просветител на Германија и Западна Европа, сакајќи да го преобрази паганското почитување на дабовите дрва од страна на незнабошците во Германија, го облагородил и христијанизирал овој обичај, заменувајќи го дабот со елка, во чест на Рождеството Христово.

Сепак, обичајот на божиќното дрво нема германски происход, туку источен. Имено, византискиот император Анастасиј, во 512 година, во северна Сирија изградил храм во кој, пред царските двери, биле поставени две големи дрвја од месинг, на кои имало посебни светилки. Во храмот Света Софија во Константинопол, врз иконостасот имало сребрени конусни дрвја, слични на кипариси, на кои наместо плодови имало светилки. Исто така, во многу останати цркви се користеле и до ден денес се користат поликандила и полиелеи во форма на дрвја.

Божиќното дрво, како подоцнежно развиен обичај од античките „иресиони“ (обичаи при кои гранки од маслина или ловор се украсувале со црвени и бели волнени конци, на кои биле обесувани бисквити со мед, масло и вино), не само што не било забранувано во византиско време, туку, напротив, за празникот на Рождеството Христово, по заповед на епархот на секој град, се чистеле градските улици и на одредено растојание се поставувале столбови со рузмарин, мирта и сезонски цвеќиња.

Дрвото што го украсуваме не може, а да не се поврзе со пророштвото на пророкот Исаија: „Ќе потера жезол од Јесеевиот корен и цвет од коренот ќе израсне“ (Иса. 11,7). Ова пророштво го имал предвид свештениот поет Козма, кога напишал: „Како жезол од коренот на Јесеја и цвет од него, Христе, си процветал од Дева“ (ирмос на Рождество Христово). Друг тропар, на претпразненството на Рождество, вели: „Подготви се, Витлееме, отвори се за сите, Едеме, украси се Ефрате, зашто дрвото на животот во пештерата процвета од Дева; нејзината утроба се покажа мисловен рај, во кого е Божественото дрво, од кое јадејќи ќе живееме, а нема како Адам да умреме. Христос се раѓа, за да го обнови порано паднатиот образ“.

Светлото украсување на дрвја го симболизира Христа како Дрво на животот, кое доаѓа во светот за на верните да им се даде како храна. Коренот на дрвото ги симболизира Неговите предци, кои ја запазиле верата и надежта за Неговото доаѓање, додека ѕвездата на врвот е Самиот Он, Кој дојде да донесе светлина во светот помрачен од грев.

Помеѓу другото, во византиско време, една избрана царска коњичка чета од императорската гарда учествувала во официјалните императорски церемонии за Божиќ. Таа избрана чета се викала „Дружина“ и се делела на мала, средна и голема дружина. Малата дружина била составена од друговерци, средната дружина од Европјани, неправославни и другородци, додека големата дружина била составена исклучиво од православни Ромеи.

Бидејќи во текот на отоманското ропство многу обичаи на Христијаните им биле забранети, лесно може да се заклучи дека и украсувањето на божиќното дрво било еден од тие (скоро) изгубени обичаи. Секако, многу од овие обичаи биле пренесени на Запад, а пренесувањето на овој конкретен обичај многу веројатно дека било извршено од оние припадници на „средната дружина“, кои ги спомнавме погоре.

Уште едно сведоштво за насоката на развитокот на овој обичај е неговото постоење во руралните краеви на исток, на пример селото Литохоро во Пиерија, Ептаниса, како и Кападокија – места со ограничено странското влијание – каде се запазени обичаи во црквите и домовите дрвја да се украсуваат со овошки, плодови и украси. Во јужна Македонија (Битола, Прилеп, Ресен итн.), исто така, до пред скоро време се беше запазил обичајот домовите и вратите да се украсуваат со смрека и други зимзелени дрвја, како симбол за вечно живиот и вечно младиот Бог, Кој се роди од Дева во Витлеем за живот и спасение на светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: