bandr
Култура

Вечерва на СОФ ќе се играат друштвени игри!

На програмата на Струмица ОПЕН фестивал ќе биде првиот ден за друштвени игри – BOARD GAMES DAY!

Организаторите најавуваат поинакво маратонско дружење во училишниот двор на СОУ „Јане Сандански“.

Учеството е бесплатно, а учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат во шах, табла, рубикови коцки, IQ сложувалки и секаков вид на друштвени игри меѓу кои и најпопуларните Istanbul, Ticket to Ride и многу други.

На настанот ќе биде промовирана и новата македонска игра Meet The Manchers на DeVanchi Games.

Board Games Day е од отворен карактер, а за натпреварувачите следуваат многу изненадувања.