strumica denes logo

ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: НАШЕТО ИМЕ Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕМА ПРИЧИНА ДА СЕ ГЛАСА НА 30 СЕПТЕМВРИ!

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: 

Почитувани пријатели и граѓани на Република Македонија, Оние кои ме познаваат подолго знаат дека сум воспитуван и раснат
во духот на моралните човекови вредности: Љубов кон фамилијата, Почит кон секој повозрасен човек,но и спрема било кој друг
И безусловно да се сака татковината ! Оние кои ме познаваат доволно знаат дека сум бил дел од секакви дружења, сум спортувал, пишувал поезија … Како доктор сум помагал на секого кој ќе побарал помош, како човек сум споделувал најразлични моменти !
Оние кои не ме познаваа доволно – а ме запознаа како пратеник, Верувам дека за мене стекнаа мислење  дека сум искрен, чесен и какрактерен. Мои струмичани,  Вие ми дадовте доверба да бидам Ваш претставник, јас секогаш се трудам во рамките на можностите секому да помогнам, Но јас ветив дека секогаш Ќе се борам во рамките на законот и уставот, дека секогаш пред се
ќе биде #РепубликаМакедонија ! Моето мислење и став за овој референдум го кажав пред точно 50 дена, Пред тоа пред точно една година од собраниската говорница, Пред неполни две години во текот на кампањата за парламентарните избори, но пак ќе повторам : Никој нема право ниту легитимитет да се обидува да ни промени идентитет, Историја, сета создадена литература и сите културни обележја, Нашето име е #РепубликаМАКЕДОНИЈА ! Затоа на 30-ти Вашиот избор е Едноставен – нема причина да се гласа на трозначно прашање со осум можни одговори и на прашање на кое не може да суди само една генерација !