strumica denes logo

Урнебесни очекувања на туристи за Струмица!

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Струмица неретко е дел од ученичките екскурзии на основците, но и место со многубројни посетители за време на манифестации како Струмичкиот карневал и Струмица Опен Фест. Во тоа време, голем број од гостите за првпат доаѓаат во градот, а дел од нивните реакции и прашања се урнебесни.

  • Лекарка од Бугарија патува кон Струмица како дел од Еразмус програма. Во рака носи ливче со испишана адреса и е видно загрижена по пристигнувањето на автобуската станица. Прашува еден од сопатниците – „Извинете, како може да стигнам до најблиската метро станица?“

  • Основци од Охрид рака под рака минуваат низ струмичкото корзо и полека навлегуваат во паркот. На патот кон езерцето , ја слушаат наставничката која им раскажува за него, а едното од нив налутено прашува зошто навреме не им било кажано да си земат костими за капење.