Уписите за прва година на 18 и 19 јуни

јуни 14, 2018

Полуматурантите кои завршија деветто одделение во основните училишта ќе можат да се пријават и запишат за прва година на 18 и 19 јуни односно во понеделник и вторник. За оваа година во нашето училиште е планирано запишување на 374 ученици.
Првото пријавување и запишување на учениците во прва година ќе се врши на 18 и 19 јуни (понеделник и вторник), а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни 2018 година.

Нашето училиште објави конкурс за упис во прва година според кој за гимназиско образование се планирани 238 ученици распоредени во седум паралелки, 136 ученици во Економско-правна и трговска струка, распоредени во четири паралелки односно 102 ученици за економски техничар и 34 ученици за банкарски техничар.

Доколку има квалификационо тестирање истото ќе се организира на 22 јуни 2018 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 25 јуни 2018 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ