Нови спортски сали ќе добијат Основните општински училишта „Сандо Масев” од Струмица и „Маршал Тито” од село Муртино.
Покрај нова спортска сала, ООУ „Никола Вапцаров” од Струмица ќе добие и затворен базен.
Изградбата на спортските сали е предвидена да се реализира преку Министерството за образование и наука, додека затворениот базен преку Агенцијата за млади и спорт.