strumica denes logo

Топ 3 книги кои треба да ги прочитате летово

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Вработените од градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ дури и во летните месеци им стојат целосно на располање на сите вљубеници во добрата и квалитетна книга. Фондот на библиотеката од неодамна беше збогатен со многу нови наслови, кои очекуваат да бидат допрва откриени од љубопитни читатели.

Во продолжение, тимот на Струмица Денес издвојува три најинтересни наслови кои морате да ги понесете на плажа:

  • Ангелско дрво
  • Поминале 30 години одкако Грета го напуштила Марчмонт Хол, величествена и прекрасна куќа. Но кога се враќа во Хол на Божиќ кај нејзиниот пријател Дејвид Марчмонт, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место, поради нејзината одамнешна незгода која избришала голем дел од нејзиното сеќавање. И тогаш за време на една прошетка низ зимскиот пејсаж наудува на гроб во шумата. Избледениот натпис открива дека тука почива некое момче. Со помош на Дејвид, Грета тргнува во потрага,одново да ги открие загубените сеќавања,почнува да ги сложува дел по дел сеќавањата од незината приказна и од нејзината ќерка Ческа.

  • „Вистинска магија на 600 страници. Романтика и мистерија полна со нежност, љубов, моќ и возбуда. Ова е скапоцен камен за секој читател’’

  • Папата Јована

Кога се зборува за оваа книга, вообичаено се вели дека ако сте жена, мора да ја прочитате. Можеби оние кои се чувствуваат послаби во однос на мажите, ќе стекнат самодоверба откако ќе ја прочитаат, бидејќи станува збор за жена, која живее во период кога жените им се подредени на мажите, немаат право на школување и дури раѓањето на женско дете е на еден начин губиток.

Е токму во ова време, младата и вешта девојка Јована успева да ја добие најпрестижната титула во светот. Титула која е најпочитувана, најпосакувана, на која сите се покоруваат. Титула која можете да ја поврзете со многу нешта, освен со именката жена.

 

 

  •      Превез од тајни
    Романот „Превез од тајни“ е напишан во стилот на американскиот бестселер писател Харолд Робинс од страна на авторот Џуниус Подруг, кој е избран од семејството на Робинс за да ги продолжи неговите идеи, недовршени дела и традиција на пишување.
  • Дејството во книгата „Превез од тајни“  се одвива во неколку различни градови каде главниот лик, Медисон Дупре трага по вистината за древен артефакт. Таа добива понуда која тешко може да ја одбие. Со оглед на тоа што е на работ на егзистенцијата, нема многу голем избор и одлучува да ја прифати понудената работа од Хенри Липтон, човекот кој претходно ја има измамено. Нејзиното патешествие започнува во Дубаи каде се запознава со своите работодавачи и со историјата за мистериозниот артефакт, Мандалионот или Портретот од Едеса.