СВР СТРУМИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 25 ГОДИШНО МОМЧЕ КОЕ ВРШЕЛО ПРОДАЖБА НА МАРИХУАНА И ДОЗВОЛУВАЛО КОНЗУМИРАЊЕ НА МАРИХУАНА ВО НЕГОВИОТ ДОМ!

јуни 1, 2019

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.К.(25) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. Во текот на јануари 2019 година во неговата куќа во Радовиш пријавениот вршел продажба на марихуана, при што на повеќе лица им овозможувал и да ја конзумираат во неговиот дом. При претрес во неговиот домот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ