strumica denes logo

СТРУМИЦА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈНЕИЗВЕСНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ДОСЕГА – КОЈ ЌЕ СЕДНЕ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА?

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Категории:

Култура

Во пресрет на локалните избори што ќе се одржат во октомври, политичката сцена во Струмица полека се загрева.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Очекувањата од граѓаните се големи, а прашањето што сè почесто се поставува е: кој ќе биде идниот градоначалник на Струмица? По долги години дали ВМРО-ДПМНЕ ке ја освои општината или СДСМ повторно ќе добие свој градоначалник?

Низ чаршијата сè повеќе се зборува кој стои зад кого, кој се подготвува, а кој се крие. Струмичани ги вперуваат очите кон локалните политички елити, но и кон новите, свежи ликови кои сè погласно тропаат на вратата на политиката. Ќе има ли ново лице што ќе ја превземе фотелјата? Или познато име ќе се обиде повторно да ја освои довербата на граѓаните?

Според информации од извори блиски до одредени политички структури, внатрепартиските консултации се во полн ек, а некои од кандидатурите би можеле да бидат објавени во наредните неколку недели.

Струмица е град со големи потенцијали и уште поголеми очекувања. Граѓаните бараат визија, конкретни проекти и транспарентно водство. Бројни предизвици стојат пред идниот градоначалник – од урбанистички решенија и инфраструктурни проекти, до поддршка на младите, културата и локалната економија.

Она што е сигурно е дека овие избори нема да бидат рутински. Атмосферата е динамична, теренот е подготвен, а политичките тимови веќе ги вадат своите адути.

Но едно е сигурно – Струмица сака енергија, визија и дело. Граѓаните не се веќе наивни, а партиските пароли без покритие нема да поминат.

Останува прашањето – кој ќе го добие мандатот на граѓаните и ќе ја предводи Струмица во наредните четири години?