СТРУМИЧКИ ОСНОВЦИ НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ШВАЈЦАРИЈА!

јуни 1, 2019

Учениците од општинските основни училишта „Никола Вапцаров“, „Маршал Тито“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, учесници во проектот за интеркултурна размена, кој се реализира во Детското село Песталоци во Швајцарија, вчера пристигнаа и веднаш започнаа со интерактивни игри и активности. Општина Струмица од својот буџет обезбеди 300.000 денари за превоз на учениците. Проектот се спроведува веќе 8 години, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование- Скопје, Бирото за развој на образованието и општина Струмица, како партнер во проектните активности под називот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: