strumica denes logo

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5. АПРИЛ 2019 ГОДИНА!

Автор:

Датум:

април 4, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 4, 2019

Категории:

Култура

Овенот е под притисок, Бикот е загрижен, Вагата флертува, Стрелецот е неодлучен, Рибите грешат.

ОВЕН

Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.

БИК

Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве ќекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.

РАК

Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.

ЛАВ

Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.

ДЕВИЦА

Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.

ВАГА

Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.

СКОРПИЈА

Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.

СТРЕЛЕЦ

Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.

ЈАРЕЦ

Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.

ВОДОЛИЈА

Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.

РИБИ

Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.