Околу 1:30 часот по полноќ, синоќа на кружниот тек на излезот од Струмица кај „Жито Струмица“ се случи сообраќајна несреќа откако автомобил преку кружниот излетал и удрил во бандера. Како што не информираа очевидците за среќа нема потешко повредени. Струмичката полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата и извршила увид на истата. Со повеќе детали во текот на утрешниот ден.
СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА: ИЗЛЕТАЛ ПРЕКУ КРУЖНИОТ И УДРИЛ ВО БАНДЕРА!
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2018/12/48359348_570850596661147_4084159628118589440_n.jpg)