СЛАВЧО ПОПОСКИ: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ВЕЧЕРВА!

декември 10, 2018

Под влијание на влажна и студена воздушна маса која е во склоп со циклонот НЕВЕН оваа ноќ повторно облачноста ќе се сголемува и ќе има нови врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до попнатамошно зголемување на снежната покривка.

Снежната граница ќе се сппушти на надморска височина одо околу 1000 метри а можно е и малку пониско.

Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец и тоа особено утре (понеделник) кој веќе вечерта кон вторник ќе услови ГОЛЕМ пад на температурите на воздухот па така веќе во вторник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, уште постудено ќе биде утрото во среда кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, на планинските места температурите ќе паднат до околу -15 степени.

Максималните днвни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интерваслот од -2 до 7 и тоа од вторник.

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ: Пред нас е изразен студен бран кој ќе донесе врнежи од дожд, снег, засилен северен ветер и ниски температури на воздухот па затоа во текот на следниот период ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас зимската опрема (доколку сте возач), доколку пак излегувате на отворено со себе да си понесете шал и капа со цел да се заштитете од студеното време кое ни следува.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ