bandr
Култура

СЕЌАВАЊЕ НА ЈОВАН РЕНДЕВСКИ, НЕКОГАШНИОТ ДИРЕКТОРОТ НА СТРУМИЧКАТА!

Големите луѓе се вечни, зошто зад нив останува нивното дело, да сведочи за нивното постоење и големиот придонес во секојдневието на останатите. Токму таков е Јован Рендевски, некогашниот директор на струмичката гимназија.

Рендевски беше долгогодишен професор по физика, но најмногу ќе остане запомнет по својата улога на директор. Времето кога гимназијата беше доверена во негови раце ќе остане запомнето како време во кое во гимназиските ходници владееше најголема дисциплина и ред.

„Беше строг, но крајно праведен и срдечен. Учениците беа далеку поодговорни – училишните врати се затвараа точно во седум и половина, а ходниците и училишниот двор зрачеа со познатата униформа. Немаше изговори за забравени униформи. Да, тогаш од клупите излегуваа генерации кои знаат да почитуваат и вреднуваат, а најголема заслуга за тоа имаше токму директорот.“ – стои одбележано во сеќавањето на еден од некогашните ученици.