Се одржа работна средба на тема „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“

август 30, 2018

Во организација на МВР-СВР од Струмица, со поддршка на општина Струмица, во Домот на АРМ во Струмица се одржа работна средба на претставници од советите на родители и училишните одбори, директори и стручни соработници од основните и средните општински училишта од општина Струмица, советници од Советот на општина Струмица и претставници од МВР.
Целта на работната средба произлегува од градењето на позитивен однос полиција, родители, училишта и локална заедница, а во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата. Присутните беа запознаени со општите одредби за поголема безбедност во сообраќајот, со потсетување за почитување на законските правила и прописи, со активностите кои ги презема СВР Струмица во делот на контрола на сообраќајот, а посебен осврт беше даден за влијанието што родителите и училиштето може да го имаат врз учениците за почитување на сообраќајната култура.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ