Само младите од Струмица ги знаат овие нешта!

јануари 14, 2019
  1. Преку лето е страшно кул да возиш мотор на твои 15 години. Во никој случај не ти се потребни возачка дозвола и заштитни реквизити, а по потреба бегаш од полиција и од бензински станици, како од оган.
  2. Нема ништо чудно врсниците да ги гледаш како се влечени надвор од клубот или како прават хистерични сцени по плоштад. Се разбира дека ќе се пие до фаза на интоксикација.
  3. Се разбира дека најважниот дел од излегувањето е да го сликаш „килакот“ алкохол пред тебе, што да не, се излегува за да се ужива во музиката? Што се однесува до музиката, прегледуваш стори од минатата вечер и таму имаш цел репертоар.
  4. Какво е тоа зборување во живо со оној кој ти пишал на фејсбук? Тоа е строго забрането. Се знае каков е редот-  на фејсбук ќе се симнат ѕвезди, а во живо поглед напред, нема лево-десно. Избегнување на нивоУ.
  5. Како мислиш не ги знаеш „Не сме безгрешни, но сме истински“ и сите песни, вклучително и кореографијата на Мc Stojan?

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ