СОСТОЈКИ:
- 1 л. млеко
- 300 гр. шеќер
- 3о гр. желатин
- 5 кеси шлаг
- кокос
ПОДГОТОВКА:
- Се става желатинот во 14 лажици вода и се остава да набабри.
- Се става литар млеко во шерпа, се додава шеќер и се става да зоврие на оган.
- Се трга потоа од оган и се става желатин.
- Се става и шлагот во прав во оладеното млеко и се мати со миксер околу 20 минути.
- Се става во плех смесата и се остава во ладилник преку ноќ или повеќе часови.
- Се сече на коцки, се става кокос и се украсува по желба.