На планината Водно на 31.03 и 01.04.2018 година,се одржа Првото коло од Лигата во планинарска ориентација, во организација на ДПС Трансверзалец-Скопје и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија(ФПСМ).
Натпреварите се бодуваат и представуваат квалификации за Балканското првенство, што ќе се одржи во септември во Македонија и Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија.
ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ Струмица , зеде учество во Лигата со 3 (три) екипи и постигна голем успех.
-Во категорија Јуниори од 14-16 години го освои Второто место.
-Во категорија Јуниори од 16-18 години го освои Првото место и
-Во категорија Вeteraни го освои Првото место
Со постигнатите резултати,ориентирците се на добар пат да се квалификуваат за Балканското и Европското првенство!