Отворена 56-та Меѓународната струмичка ликовна колонија

август 3, 2019

Градоначалникот Коста Јаневски во фоајето на Центарот за култура ,, Антон Панов” ја отвори 56-та Меѓународна струмичка ликовна колонија.
-Вечерва имаме неколку причини да бидеме среќни и празнично расположени. Првата причина е утрешното одбележување на двата „Илиндена“, втората е изложбата на цртежи и графики од богатата збирка на Колонијата во која се поместени врвни дела од познати ликовни творци, и секако најважното нешто е официјалното започнување на 56-та Меѓународна струмичка ликовна колонија, во рамките на која ќе се одржи и 26 – то Студио за мозаик, со кое ќе раководи нашиот познат мозаичар и сликар Александар Филев. Им посакав добредојде во Струмица на 15-те учесници на колонијата од САД, Полска, Украина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Северна Македонија, со надеж дека од денес до 12. август ќе имаат плодна творечка атмосфера. Убеден сум дека Струмица со своите специфики ќе биде доволно инспиративна за да бидат создадени нови квалитетни дела со кои ќе биде збогатена и онака богатата ликовна ризница на Колонијата која брои околу 2.600 творечки продукти, создадени во различни ликовни дисциплини, рече градоначалникот Јаневски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ