strumica denes logo

ОД 1 ЈУНИ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА ВО СРБИЈА БЕЗ ОБВРСКА ЗА НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД 19!

Автор:

Датум:

мај 19, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 19, 2020

Категории:

Култура

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појавата на Ковид-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

-Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ.

Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.

-Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР тест на влезот во земјата, изјави Брнабиќ.

Таа најави дека Кризниот штаб денеска ќе го разгледа прашањето за можно отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.

ИЗВОР:МИА