На вчерашната седница на Владата беа дополнети мерките за спречување на проширувањето на КОВИД-19.
Од денес, 1 септември 2021г., домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Македонија на граничните премини ќе мора да приложат👇
➡️ Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19.
➡️ Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
➡️ Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Северна Македонија или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.
➡️ Задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена на домашните и странските државјани, доколку при влез во државата немаат негативен PCR тест, потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19.