strumica denes logo

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАГИНА НАЈГОЛЕМИОТ, ЧОВЕКОТ КОЈ НАЈМНОГУ ЈА САКАШЕ МАКЕДОНИЈА – ВЕЧНА СЛАВА ДРАГ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ БОРИС ТРАЈКОВСКИ!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

февруари 26, 2020

Категории:

Култура

ВЕРУВАМ ВО МАКЕДОНИЈА се зборовите кои често ги говореше и ги опишуваат делата што ги правеше претседателот Борис Трајковски! Човекот кој ги обединуваше во поддршката сите политички партии, човек кој се залагаше за меѓуетнички соживот. Со непоправлив оптимизам и цврста визија, искрен и непосреден стоеше на чело на Р. Македонија. Верник и миротворец кој успеа да не сплоти во задничката судбина – Македонија. Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во која Македонија го изгуби својот претседател. Денеска мора да се потсетиме на човекот и државникот, Борис Трајковски. За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година. Борис Трајковски беше претседател на сите граѓани на државата, не правејќи никаква разлика по национален, политички, верски и било кој друг основ. Претседателот Трајковски во својата работа имаше јасно зацртани чекори со кои Македонија ја водеше во Евро-Атланските интеграции. Водејќи се од вербата во Бог и исклучителното човекољубие искрено се залагаше за мир и стабилност на нашата држава. Се залагаше за внатрешно единство и напредок во надворешната политика. Неговиот последен потпис го стави на барањето за членство на Р. Македонија во Европската унија. Лидер на земјата, лидер во регионот. Неговата мисија ќе остане длабоко врежана во поновата Македонска историја. Неговите заложби – стремеж за новиот претседател на државата. Да чекориме по патот кој тој го трасираше.

ВЕРУВАМ ВО МАКЕДОНИЈА!

Изборот е Македонија!

Нека му е вечна слава.