Perdormire
Култура

МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ИЗЈАВИ: Компаниите кои користат финансиска помош можат да го намалат бројот на вработени – народот револтирано реагира на социјалните мрежи!

Микро и малите фирми кои се корисници на владините мерки за финансиска помош ќе можат да го намалат бројот на своите вработени до 15 отсто, средните до 10 отсто, додека пак големи до 5 отсто.

Ова денеска го истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција.

Првично беше укажано дека ако користи владина помош, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени два месеца по користење на мерката, односно до месец јули.

По оваа изјава, народот на социјалните мрежи револтирано коментира дека оваа всушност е „амин“ за отпуштање на работниците…