Манчев: Заев во три мандати како градоначалник не успеа да постави канализација и асфалт на улици во центарот на Струмица

декември 13, 2018

На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев со амандман побара да бидат асфалтирани улиците „Цветан Димов“ и „5 Ноември“ во Струмица.

На улиците која се наоѓаат во непосредна близина на центарот на Струмица, поточно градскиот парк, живеат околу илјада жители.

-Како градоначалник Зоран Заев во неговите три мандати не успеа да го среди овој проблем на овие граѓани кои немаат ни асфалтирани улици, ниту канализација, ниту водоводна мрежа.Имено зборуваме за најуспешниот градоначалник во своите три мандати, а сега Премиер, истакна пратеникот Манчев.

Тој додаде дека овие граѓани се оскатени од општинската самоуправа и се покажало дека општината не доволно се засега за овој проблем.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ