strumica denes logo

КУВАРИТЕ ОД РЕСТОРАН ШАЛОМ СО ЗЛАТНИ МЕДАЛИ СЕ ВРАТИЈА ОД ТУРЦИЈА!

Автор:

Датум:

април 27, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 27, 2018

Категории:

Култура

На BestCook Fest 2018“ во Измир, Турција каде настапија куварите од ресторан Шалом Христијан Јорданоски и Благој Андонов со тимот кои се и членови на Master Chef Association BIH Ресторан Шалом се закити со 3 златни медала и 1 сребрен. Јорданоски освои две злата во категориите на ресторански десерт и месо, како и едно сребро во категорија риба. Додека Андонов освои едно злато во категорија месо. Тимот на Associacion Master Chef BIH се вратија со 13 злата и едно сребро. Натпреварот се одржува по втор пат, а тимот е за прв пат на овој натпревар. Организацијата беше по сите WACS правила, а тим имаше одлични резултати 13 злата и едно сребро. За овој натпревар се подготвувавме околу две недели. Следните планови се за Романија и Украина за оваа година. – истакнаа Андонов и Јорданоски. На овој натпревар учествуваа 23 земји и повеќе од 250 натпреварувачи.