Колку и какви серии гледаат младите струмичани?

февруари 7, 2019

Младите своите омилени серии од англиското јазично подрачје, но и турските серии ги следат преку интернет, покажуваат резултатите од истражувањето на студентите од Институот за правно и политичко истражување на Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип. Истражувањето е спроведено од страна на студентите од Струмица, а испитаници се околу 300 средношколци од Струмица, но и студенти од Штип и Струмица.

Шеесет и еден процент од младите се изјасниле дека сериите ги следат преку интернет, а над 30 отсто од нив сакаат сериите да ги гледаат на телевизија и тоа вообичаено женската популација.

И покрај тоа што во моментов се актуелни турските серии, сепак 40 проценти од младите сакаат да ги гледаат англо-американските серии, 37 проценти од нив ги гледаат турските, а помал е процентот на шпанските и индиските серии. Машките сакаат англо-американски серии, а турските се по преферирани од страна на женскиот пол.

Омилен жанр е комедијата кај младите, но комедијата е истовремено омилен жанр и кај машкиот пол средношколци, додека кај машките студенти омилен жанр е криминалистичката серија. Тинејџерските серии најчесто се гледани од женскиот пол средношколци, додека романтичните серии се најчесто гледани од женскиот пол студенти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ