strumica denes logo

ЌЕ ИЗЛИЖЕТЕ ПРСТИ: СЛАТКО ОД КОРА ОД ПОРТОКАЛ

Автор:

Датум:

септември 27, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 27, 2020

Категории:

Култура

Состојки:

  • 5 кори портокал (поситни портокали)
  • 150 г шеќер на 100 г кори
  • вода колку да го прекрие шеќерот
  • 1 исцеден сок од лимон
  • малку сода бикарбона
  • игла и јак конец

Инструкции: Се добива поубав резултат ако портокалите се поситни и имаат мазна кора.

  1. На грубиот дел од сунѓер за миење садови ставете сода бикарбона и истријте ги портокалите (со оваа постапка го отсранувате делот од кората кој горчи).
  2. Одстранете круг од кората на местото каде била прицврсетна на дрвото.
  3. Исечете ленти од кората широки максимум 1 см.
  4. Лентите замотајте ги секоја посебно во мала спираличка, па со иглата нанижете ги на конецот.
  5. Подготвениот шеќер прелијте го со студена вода па ставете го да зоврие. Во ова додајте го ланчето со корички и варете отприлика 20 минути од моментот кога заедно со коричките шербетот повторно зоврел (вриењето за кратко престанува кога сте ги додале корите во шербетот).
  6. Додајте го сокот од лимон (служи за да спречи кристализација на слаткото), па оставете да врие уште десетина минути.
  7. Внимателно одстранете го конецот од коричките и врелото слатко префрлете го во теглички, кои треба да ги затворите со метални капаци и да ги стерилизирате во рерна на 75 степени околу 30 минути.
  8. Исклучете ја рерната, но тегличките нека останат во неа се додека не се оладат така затворени.