strumica denes logo

Католиците од Апостолскиот Егзархат го одбележаа Велигден во Струмица

Автор:

Датум:

април 9, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 9, 2018

Категории:

Култура

Католиците од Апостолскиот егзархат во Македонија го одбележаа Христовото Воскресение Велигден, синоќа со воскресни литургии.

Централната Воскресна Литургија ја служеше Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица. Него му сослужуваа  свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

На светата Литургија претходеше Воскресна утрена во дворот на црквата со процесија околу Црквата.

-Дојдени се времињата кога во оваа збунето време секој од нас, секој христијанин би требало да расветли во нова светлина и со својот живот да покаже дека е Христов сведок кој во нас стана тело. На тој начин Велигден е празник на крштението, препородувањето и новиот живот во силата на Светиот Дух, а сето тоа ќе го примиме и во светата Причест – тело и крв Христова во оваа Евхаристија, потенцирал Бискупот Стојанов за време на неговата Велигденска проповед.

Честитајќи го празникот Воскресение Христово – Велигден владиката Стојанов преку присутните верници ги поздрави и го честиташе празникот и на сите оние кои беа спречени од разни причини да учествуваат на оваа славење. Посебно ги спомна безбедносните, сили, медицинските лица, противпожарните служби и сите оние кои имаат некоја одговорна служба за доброто на сите нас.

За време на Воскресната Литургија пееше Катедралниот хор предводен од с. Тереза Стојкова.