Како што најавивме синоќа и утринава, циклонот Тодор ќе ја зафати и Струмица. Во моментот има краткотрајни грмежи, ветер и дожд. Според информациите од метеоролошката станица на Македонија, кон Струмица се приближува поголемо невреме. Апелираме на претпазливост.