И СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО-20:00 ЧАСОТ, ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

јуни 13, 2018

 

Денеска на социјалната мрежа фејсбук насекаде се шири писмо кое повикува на протести против промена на името. Во продолжение ви го пренесуваме во целост:

Струмица граду наш ,доста спиеш, доста си апатичен и гледаш како државата тоне а ти мируваш. Промената на името е последното нешто кое мора да ги разбуди чувствата во секој струмичанец, како Македонец, доста молчевме, време е да го кренеме нашиот глас против неправдата, понижувањата кои ги трпиме поради тоа што сме Македонци. Сите градови во Македонија се на улица бранејќи го името и аманетот на нашите дедовци, сега е и нашиот ред. Да излеземе и да покажеме дека сме град на горделиви луѓе и на патриоти. Затоа сите утре ,14 јуни 2018 година, пред споменикот на Гоце Делчев во 20:00 часот, без партиски(предавнички) обележја, понесете ги македонските знамиња, и да кажеме НЕ за промената на нашето име.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: