„ХАЈЛЕНД ЕДУ“ И АРТ СМАРТ – ЈАЗИЦИ И УМЕТНОСТ СПОЕНО ВО ЕДНО – НОВАТА СЕЗОНА ДОАЃА!

септември 8, 2018

 

Центарот за инителектуални услуги, образование и советување “ХАЈЛЕНД ЕДУ“ од Струмица веќе ефективно спроведува јазични обуки за најмалите (од 4 до 6 години), курсеви за деца и возрасни по германски, англиски, италијански и француски јазик, како и советувања за матуранти за полагање државна матура. Обуките се водени од дипломирани професори со повеќегодишно искуство, со посебен акцент на комуникацијата заради совладување на говорните вештини.

Во Центарот за инителектуални услуги, образование и советување „ХАЈЛЕНД ЕДУ“, веќе пет години постои единственото во градот ликовно студио за деца и млади АРТ СМАРТ. Активното учество во креативните работилници за деца над 4 години и млади на училишна возраст во Арт Смарт се можност за реализирање на често потиснатата, но неизмерно богатата детска креативност,која ја развиваме преку цртање, сликање, моделирање и иновативни форми на креирање, како реупотреба и рециклирање.

Хајленд“ се наоѓа во централното градско подрачје, во Трговскиот центар „Мавровка“ во Струмица. За дополнителни информации кај Зорица Паликарова на 075/454-383 и кај Љупка Василев на 078/239-175.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: