strumica denes logo

ГРАДСКАТА КАФАНА „СТАРИОТ ЏУМБУШЛИЈА“ ОБЈАВИ: ДЕЛ ОД ВКУПНИОТ МЕСЕЧЕН ПРОМЕТ ЌЕ ОДИ НА СМЕТКАТА НА ТОМЕ!

Автор:

Датум:

април 30, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 30, 2019

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

ГРАДСКА КАФАНА „СТАРИОТ ЏУМБУШЛИЈА“:

АПЕЛ. Пријатели, мои колеги угостители, како и бизнисмени од другите гранки.

Верувам дека скоро сите знаете за болеста на нашиот сограѓанин Томе Јанев.
Потребните средства за лекување од 160.000 евра е невезможно да се соберат само со анонимно вртење на телефоните за донација.

Затоа, ја покренувам оваа иницијатива и апелирам до сите вас кој со колку може да се приклучи.

Нашиот тим одлучи, почнувајќи од денес, па се додека не се соберат потребните финансиски средства,
дел од вкупниот месечен промет ќе оди на сметката за лекување на
Томе Јанев.

За крај…. Драг Томе, иако лично не се познаваме чуствувам потреба да ти се обратам.

Никој од нас не знае што носи наредниот ден. Живееме безгрижен живот и за еден миг се’ се променува и ништо не е како порано, ниту ќе биде. Верувај ми, знам за што зборувам, сум бил “таму”.

Те молам само за едно, не се предавај.

Маката е твоја и само твоја, но нема да те оставиме сам во твојата борба со таа подмолна болест. Ќе победиме!