Посветеноста на општина Струмица кон приоритетите кои произлегуваат од Стратегијата за образование ги опфаќа и мерките за развој на знаењата, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно – образовните процеси и поттикнувањето на креативноста на младите. Во рамките на тие мерки, а за поголема мотивираност на талентираните ученици, градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со Димитар Џорлев кој годинава го заврши деветтото одделение во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и се запиша во прва година во средното училиште „Јане Сандански“ и со директорот на ООУ „Видое Подгорец“, Леонид Танчев.
На средбата се разговараше за досегашните успеси на натпреварите по математика на Џорлев, кој на градоначалникот му ги покажа и дипломите и медалите освоени на домашните и меѓународните натпреварувања, меѓу кои и последната освоена математичка ѕвезда на натпреварот во Бугарија. Градоначалникот Јаневски му посака многу успех во понатамошните натпревари, потенцирајќи дека ја има поддршката од општина Струмица во остварувањето на неговите цели.
Градоначалникот Јаневски му ги честиташе големите успеси на Димитар Џорлев на натпреварите по математика
Вчера во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50-годишен маж од струмичко село, кој е осомничен…
Во недела (19 јануари) по повод празникот на Богојавление – Водици, на базенот „Аквариус“ во Струмица во 12:00 часот ќе…
Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8…
Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп…
Новата студија идентификувала 29 „отпечатоци од прсти“ на крвните садови во мрежницата, слојот на ткивотокој е чувствителен на светлина на…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва потпиша закон со кој се ограничува употребата на паметни телефони во училиштата. Таа…