strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Струмица ја одбележа 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев!

Автор:

Датум:

мај 4, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 4, 2018

Категории:

Култура

Струмица ја одбележа 115 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Пред споменикот на револуционерот на градскиот плоштад кој го носи неговото име, делегации на локалната власт, политичките партии, здруженија и граѓани положија цвеќе.

Војник на слободата, стратег, револуционер, но и брилјантен ум, тоа е загубата на Македонија и на македонскиот народ.

Што ќе се случеше со македонското дело, ако не паднеше Гоце? Ова прашање сигурен сум дека и денес си го поставуваат некои од нас. И по 115 години од неговата бестрашна смрт, останува прашањето што ќе се случеше ако останеше жив. Голема е загубата, бидејќи Македонија и Гоце Делчев меѓусебно се надополнуваат.