На молебенот чин за благослов на почетокот на новата училишна година кој денес се одржа во храмот Свети Петанесет во Струмица, Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на децата им подари училишен прибор. Делегација на Унијата на Жени предводени од претседателката Тања Достинова- Запрова, со овој симболичен чин, на децата од основните и средни училишта им посакаа успешна и радосна училишна година.