(ФОТО) СТРУМИЧАНИ И ВО ЛОНДОН СЕ НАЈДОА: БРАЌАТА МАНЧЕВИ ОД СТРУМИЦА СЕ ПОГРИЖИЈА ЗА СТИЛОТ НА ДЕЈАН ИЛИЕВ, СЛЕДЕН Е ПОЗНАТИОТ ПЕТАР ЧЕХ!

февруари 20, 2019

 

Браќата Доне и Саше Манчеви кои работат и живеат во Лондон порано се грижеа за стилот на познатиот премиерлигашки фудбалер Немања Матич, а вчера тие имаа специјален гостин токму од нашиот град, третиот голман во првиот тим на Арсенал-Дејан Илиев.

„Задоволство и чест ни беше токму во Лондон да се погрижиме за неговиот стил. Исто така тој ни рече дека дел од колегите ќе ги донесе во нашиот салон. А се ќе се потрудих Петар Чех да биде првиот!“ – изјавија тие за нашиот портал.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ