strumica denes logo

Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp повторно „паднаа“, корисниците револтирани!

Автор:

Датум:

април 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 14, 2019

Категории:

Култура

Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp искусуваат технички проблеми ова утро за сите корисници околу светот.

Фејсбук и Инстаграм се тотално непристапни со новите објави и се одбива освежувањето (refresh) на страниците, а исто така и Facebook.com доменот е недостапен и WhatsApp пораките не се испраќаат. Фејсбук корисниците побараа на Твитер да споделат дали и тие имаат ист проблем со овие социјални мрежи.

Овие испади се случуваат од 10:30 утрово и ова е прв пат да се случи после големото „паѓање“ на Фејсбук пред еден месец каде што Фејсбук, WhatsApp и Инстаграм беа 24 часа недостапни.