Овен
Ќе бидете среќни кога ќе дознаете дека денешниот ден нови промени во вашиот живот. Почнувајќи од денес и наредните неколку месеци, ќе бидете вчудоневидени од промената во однос во сите врски (љубовни и пријателски). Акцентот ќе биде на новите луѓе и проширувањето на своите видици.
Бик
Можно е во изминатиот период да сте биле помалку социјални и повеќе свртени кон себе. Од денес тоа се менува, а вашата насока ќе биде насока на промените. Ќе бидете посмирени и поразумни. Повеќе ќе се фокусирате на иднината. Ќе имате околу еден месец да поставите нови цели!
Близнаци
Како личност која сака да истражува нови идеи и да запознава нови луѓе ќе бидете воодушевени од периодот кој е пред вас. Со оглед на тоа дека комуникацијата, дружењето и заедништвотот ќе бидат правило наредните неколку недели, излезете и покажете ги своите таленти.
Рак
Многу позитивен ден за припадниците на вашиот знак. Додадете малку личен печат во секојдневието. Можете да редекорирате дел од својот дом или да пронајдете нови социјални активности со децата, во текот на слободното време. Немојте да се колебате или да се плашите да направите нешто ново.
Лав
Не зборувајте без да размислите тактички што кажувате и кои се последиците. Посветете време на пријател на кој му е потребна вашата поддршка. Не се форсирајте на професионално поле ако немате доволно мотивација, но не по секоја цена ако нешто е итно. Вашето брзо размислување ќе ви помогне да избегнете грешка на љубовно поле. Фокусирајте се на емоционалните потреби.
Девица
Ќе се движите кон остварување на соништата и тоа може да ви прави препреки при секојдневните обврски, па обидете се да најдете баланс. Односите со колегите ќе ви бидат подобри од вообичаено па време е за професионален напредок. Очекувајте подобрување на емоционалната атмосфера и можност за искажување на заеднички мислења и потреби.
Вага
Имате добри идеи но мора да најдете начин паметно да ги реализирате. Емоционално сте поранливи и тоа може да ве прави нервозни, па обрнете внимание на релаксација и медитација. Инстинктот ќе игра голема улога на професионално поле, а во љубовта ќе добиете ентузијазам и поддршка од партнерот.
Скорпија
Огледалце, одледалце… Денес ќе бидете склони да го анализирате својот изглед под лупа и да си наоѓате маани кои реално другите не ни ги забележуваат. Виновно за тоа ќе биде ретроградното движење на Венера, планетата на убавината, во вашиот знак. Најдете начин како да ја контролирате самокритичноста. Некои Скорпии во следните шест недели ќе се караат со партнерот за проблеми кои ги сметале за решени, други ќе се чувствуваат непосакувано, трети ќе му се вратат на бившиот.
Стрелец
Ќе откриете некоја вистина која ќе ви биде тешко да ја прифатите, но нема долго да сте посветени на тоа. Наполнете се со трпение и изладете ја главата бидејќи може сите да бараат нешто од вас денес. Време е да преземете акција на професионално поле и да не се сомневате во себе. Отворете се пред партнерот и откријте ги сите ваши желби, барања и потреби од љубовта.
Јарец
Лесно ќе се справувате со секакви разговори и дебати и она што порано ви изгледало невозможно, сега ќе го постигнете со леснотија. На професионално поле не дозволувајте никој да ве вознемирува и да ви се меша во одлуките. Во љубовта ве очекуваат нови можности за иднината, па искористете ја предноста.
Водолија
Одеднаш замислите за заеднички живот и семејство со партнерот ќе ви изгледаат неостварливо. Ќе ви биде тешко да се замислите со него по 15 години, а тоа ќе ве прави несигурни. Издржете! Во животот на некои Водолии ќе се врати поранешен деловен партнер или соработник со кој доживеале голем успех. Можно е историјата да се повтори.
Риби
Ефикасно ќе ги решавате проблемите и ќе знаете точно како да продолжите понатаму. Ве очекуваат големи обврски па бидете трпеливи. Ќе ви пречи променливото расположение на колегите, па не почнувајте ништо ново поврзано со тимска работа. Ќе ви годи отворен разговор со другата половина да одлучите што сакате од љубовта и да ги отстраните сомнежите.