bandr
Култура

ЦРТАЈТЕ, БОЈТЕ, ЛЕПЕТЕ И РАЗМИСЛУВАЈТЕ НА ТЕМА ВЕЛИГДЕН, А ПОТОА ПОЧНЕТЕ ЗАБАВНА АВАНТУРА СО ВЕЛИГДЕНСКОТО ЗАЈАЧЕ!

Тематски, празникот Велигден е интересен и за децата. Пилињата, зајачињата, кокошките, велигденските јајца, кошниците се детали на кои децата посебно се радуваат.
Во боенката Велигден застапени се сите овие детали на различен начин, а тоа го потврдуваат насловите: Цртаме украси, Девојчиња со кошнички, Волшебно јајце, Велигденски колачиња, Цртаме со зајачето, Патот на кокошката целата велигденска дружина ви е понудена токму во оваа боенка.
Забавувајте се со многу активности и следете ја традицијата за Велигден.
***
Приказната за Авантурата со Велигденското Зајаче е волшебна! А, знаете зошто? Затоа што приказната ви се нуди во тридимензионална форма. Тоа ви е исто како да сте учесници во авантурата, опкружени со сите ликови од приказната, гледате и допирате! Навистина волшебно. Придружете му се на Зајачето да го реши проблемот со машината за правење велигденски јајца, која му се расипува токму пред Велигден. Зајачето бара помош од лисецот, Сината Птица, Волшебниот Господин Крт, за на крај проблемот да му го реши Клукајдрвчето. Тоа успева да ја поправи машината и Зајачето добива прекрасни велигденски јајца кои не само што се убави за око туку се и многу вкусни.