ЧУЛЕВ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: СВР СТРУМИЦА ОБЕЗБЕДУВА 12 ЛИЦА ВО КАРАНТИН!

март 17, 2020

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи реферираше пред јавноста за постапувањето на сите сектори на ресорот во однос на справување со кризата предизвикана со вирус Ковид 19. Според изјавата на министерот Наќе Чулев, СВР Струмица ја извршува редовно својата обврска во однос на новонастанатите услови. Имено, до моментот на прес изјавата СВР Струмица обезбедува 12 лица во карантин. Исто така, Чулев реферираше дека досега е поднесена една пријава до ОЈО Струмица против лице кое не се придржува до законските прописи предвидени за ваква состојба. Претходно против ова лице преземени се мерки од крим полицијата.

Инаку, во моментот вкупниот број на заразени во земјата достига 26, а се тестираат уште десет. Резултатите од направените тестови министерот Венко Филипче ќе ги соопшти на прес-конференцијата, закажана за 14 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: