Оригиналниот текст е превземен од МИА
Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица од 13 март лани е новиот Ерусалим за православните верници од Македонија, но и од земјите во соседството. Ако досега една од најстарите цркви во Македонија беше чувар на духот на струмичани и градот, во последните две години таа е место каде верниците доаѓаат да се поклонат пред иконата на Богородица Брзопослушничка пишува МИА.
Во март лани иконата е донесена во Струмица од Светогорскиот манастир Дохијар. Таа е позната по тоа што бргу ги исполнува молитвите на верниците и им помога на болните и немоќните. Само пет копии од оваа икона, која е насликана на ѕидовите во манастирот Дохијар и таму се наоѓа повеќе од девет векови, се подарени на православни храмови. Еден од тие е храмот „Свети петнаесет“ во Струмица, каде секојдневно, но најмногу за време на викендите, има многу верници, кои сакаат да се поклонат пред иконата и да побараат помош од неа.
Од пренесувањето на иконата во храмот редици од верници почнале да доаѓаат, а 22 декември е прогласен за нов празник во оваа црква посветен на Богородица Брзопослушничка пренесува МИА.
– Бројни се чудата кои ги лачи Богородица. Уште на самиот почеток беа дојдени наши браќа Македонци муслимани од Струга. Нивното 18- годишно момче беше немо. Откако заедно со мајка му се поклониле пред иконата и тргнале да се враќаат назад, момчето се сопна од еден од фундаментите и на цел глас викна мамооо! Тогаш мајката првпат го слушнала гласот на своето чедо. Го повика мажот и, кој чекаше надвор, и тројцата силно се прегрнаа, а на радоста и немаше крај, раскажува отец Крцев.
Целосната вест може да ја погледнете на следниот —— ЛИНК