strumica denes logo

ЧЕСТИТКИ: НАШАТА ТАЛЕНТИРАНА СТРУМИЧАНКА АНГЕЛА ИЛИЕВА ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО ВО „ЅВЕЗДА БРОЈ 1“

Автор:

Датум:

јуни 29, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 29, 2019

Категории:

Култура

Вечерва во МНТ се одржа големото финале од „Мел Фест талент шоуто: Ѕвезда број 1“, кое се емитува на “1 ТВ”. Едно од изненадувањата за оваа вечер, како што беше најавено вчера на „1 тв“, беше Тамара Тодевска се придружи на самото жири. Жирито пак, во состав Пеце Стоикоски, Елена Петреска, Бане Поповиќ, Вања Тодоровска, Александар Масевски и Сергеј Варошлија имаа тешка задача од сите пријавени кандидати да ги изберат најдобрите 12 таленти кои вечерва понудија грандиозно финале. Јована Здравевска, Зоран Милорадовски, Славица Ангелова, Марија Цветаноска, Милица Трајкова, Александра Трајческа, Сабина Мустафче, Кристијан Марковски, Сара Гигова, Ангела Илиева, Анастасија Аврамоска, Барбара Ракичевиќ, се финалистите кои вечерва се бореа за договор со „Арт 10 продукција“ и стан во Скопје. Нашата талентирана струмичанка Ангела Илиева го освои второто место. Честитки!