Секцијата „Проблеми на граѓаните“ која успешно опстојува долго време на нашиот портал, секојдневно се ажурира со нови апели на струмичани. Овојпат, Струмица Денес со вас ја споделува приказната на Oлга Чапанова , струмичанка болна од рак и принудена самата да води грижа за своето здравствено осигурување. Напоменуваме дека вестта е споделена со нејзина дозвола.
Во прилог, нејзината изјава:
„Упатувам искрен апел до сите надлежни – мојот работодавец не го плаќа моето боледување, ниту пак документите се носат во социјално. Болна од рак, треба во ваква состојба сама да ги носам. Ракот дојде како гром од ведро небо. Од септември имав само 3 работни дена и газдата ми даде 3000 денари, со коментар „1700 денари подарок од мене“. Но, јас боледување се’ уште немам. Со воздух ли да се лекувам, со што да го платам моето лекување? На многу врати тропнав и можам да кажам дека се’ е поврзано – налетав на смеење и навреди. „И така ќе умреш“ – знаете ли колку тоа боли?“
Сите надлежни лица кои знаат на кој начин може да и’ се помогне на нашата сограѓанка може да го исконтактираат нашиот портал и да стапат во контакт со неа.
Чапанова исто така упатува АПЕЛ до сите хумани граѓани кои се во можност да и помогнат да не исконтактираат во порака за да добијат контакт.