Алтернативна Струмица-место за секој уметник и артист, од утре до четврток во SUB CLUB-Струмица!

декември 17, 2018

Манифестација Млади Европејци 2018
Проект – Алтернативна Струмица-место за секој уметник и артист
Локација – Sub Club Струмица

Целта на овој проект е да се промовира алтернативната сцена и нејзините субкултури со цел да станат дел од урбаното опкружување во општина Струмица.
Преку зголемувањето на културната понуда и запознавањето на граѓаните со алтернативни области ќе им се остави простор да осознаат богат избор субкултура,а од друга страна ќе се стави акцент на културата како правец да добие третман којшто го заслужува.
Преку овој проект ќе се донесе заклучок дека градот Струмица знае да ја цени и почитува оваа уметност и со тоа ќе инспирира разноликост во културната сфера.
Како град кој што тежнее да ги следи модерните текови,овој настан совршено ќе се вклопи во урбаната слика и ќе прерасне во традиција,која што постојано ќе се надограува и поширува.
Овој поект,заедно со сите пропратни активности нема за цел само да пренесе визуелна порака до граѓаните на општина Струмица,но и преку серија на обуки и работилници да ѓи поттикне,пред се младите да ги развијат своите вештини,да ѓи зголемат своите културни капацитети,но и да се слушнат успешни стории на познати македонски етикети и артисти кои прераснале во алтернатива во однос на монотоното културно секојдневие.

вторник 18.12.2018
почеток 20 часот

Овој ден ќе го одбележиме со изложба на фотографии од Stole Angelov и Ivan Karos Karatanov заедно со илустрации од VNUG – Zile

Ќе се оддржи и говор од страна на Миле Ризов и Томе Узунов на тема суб-култура и алтернативна Струмица. Потоа продолжуваме со настап на Daktili, Milan Anastasov и Nikola Polincev.

среда 19.12.2018
почеток 21 часот

Во среда дефинитивно ќе слушаме квалитетна и модерна музика,ни гостува Џез квартетот Shikachi Ensemble од Штип
Jazz/Afrobeat/Funk

четврток 20.12.2018
почеток 21 часот

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ